MK EN

Институтот за тутун од Прилеп е eдиница на Универзитетот "Св. Климент Охридски"-Битола. Институтот за тутун врши научноистражувачка, едукативна, апликативна, издавачка, производна и други дејности од областа на тутунопроизводството.

Позначајни области на кои е фокусирана работата на Институтот за тутун се:

  • Kреирање на нови, одржување и подобрување на веќе признатите сорти тутун
  • Оптимизирање на агротехничките мерки
  • Проучување на болести, штетници и плевели
  • Одредување на хемискиот состав на тутунот и тутунските преработки
  • Следење на процесите на побербената обработка на тутунската суровина
  • Проучување на тутунското стопанство од економски аспект

Денес, Институтот за тутун располага со:

  • Управна зграда, каде што се сместени управата, лабораториите, кабинетите и останатите придружни служби.
  • Стопанската зграда во која се сместени магацините за семенски материјал и за произведениот тутун од опитите и од масовото производство. Во кругот на оваа зграда постојат две ѕидани и три монтажни сушници за сушење на тутун од типот вирџинија.
  • Во третата зграда која порано била наменета за ферментација на тутунот, денес се сместени и Институтот за старословенска култура и Музејот за тутун.
  • Опитно поле со површина од околу 31 хектар.
  • Библиотека со вкупен број на библиотечен фонд од повеќе од 4200 книги и 125 наслови на научни и стручни списанија.
  • Музеј за тутун со стална поставка од 1600 експонати.
  • Уметничка збирка од 150 ликовни и скулптирни дела и две макети на стари македонски куќи.
  • Метеоролошка станица